Бизнис клуб

Јубилејно 10то издание на ЛИДЕР ПроектотвоМакедонија – Лидерство, Едукација и Развој

Невладината организација Македонија2025 го отвори повикот за аплицирање на десеттото по ред издание на ЛИДЕР Проектот во Македонија. Проектот ќе се одржи овој Мај во Скопје, а 40учесници ќе добијат целосни стипендии од страна на Мк2025 каде се вклучени предавањата, материјалите како и освежувањата за време на паузите.

вторник, 21 февруари 2017

Невладината организација Македонија2025 го отвори повикот за аплицирање на десеттото по ред издание на ЛИДЕР Проектот во Македонија.

Проектот ќе се одржи овој Мај во Скопје, а 40учесници ќе добијат целосни стипендии од страна на Мк2025 каде се вклучени предавањата, материјалите како и освежувањата за време на паузите.

Ivey School of Business, го организира ЛИДЕР Проектот уште од 1991. Оваа бесплатна програма, претставува десетдневна МБА работилница, која им овозможува на претприемачите да ги развиваат своите локални бизнис решенија, коишто ќе отворатможности за нивните заедници.Во текот на програмата учесниците на Лидер Проект ќе бидат во можност да го надградат своето знаење преку предавањата на врвни МБА инструктори кои зад себе имаат неколкугодишно работно искуство во менаџмент и телекомуникации, индустриско производство, нанотехнологија и мехатроника, деловни стратегии, дигитални екосистеми, бизнис инкубатори и други сфери.

Кој требада аплицира:Ако сте претприемач, менаџер, сопственик на компанија или млад професионалец, кој делува локално, а мисли глобално и ако сте решени да ја остварите Вашата идеја, тогаш ЛИДЕР Проектот е за Вас.

Што ќенаучите: Алатки за анализа, процеси за размислување и вештини за донесување одлуки кои се потребни на секој претприемач и менаџерза надминување на предизвиците и за да напредува.

Кога и каде ќе се одржи: ЛИДЕР Проектот ќе се одржи од 8-19 мај, секој работен ден од 12-16 часот, во Дипломатик Салата на Скопскиот Саем.

Само на учесниците кои ќе присуствуваат на минимум осум денови од работилницата, ќе им бидат доделени сертификати.

За да аплицирате за програмата, на elena@macedonia2025.com испратете:

-Апликација во PDF формат, која треба да ја пополните, а може да ја симнете тука.(http://www.macedonia2025.com/resurces/Application_Form_2017.pdf)
- Биографија до 200 зборови (пример на следниот линк http://www.macedonia2025.com/about/leaders_club)
- Фотографија во боја

Крајниот рок за аплицирање е 25-ти март.

Само кандидати кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.


 

Содржината е прочитана 499 пати.