Бизнис клуб

Министерството за Економија испраќа Јавен повик за субвенционирање на работењето на претпријатија во сопственост и управување од жени

Предмет на Јавниот повик е субвенционирање на претпријатија во сопственост на жени (над 50%) и управувани од жени, државјани на Република Македонија, преку кофинансирање на 70% од докажаните трошоци но не повеќе од 120.000,00 денари

среда, 05 април 2017

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА

Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2017 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 192/2016), Министерството за економија објавува:

ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на претпријатија во сопственост и управувани од жени

1. Предмет на јавниот повик е субвенционирање на претпријатија во сопственост на жени (над 50%) и управувани од жени, државјани на Република Македонија, преку кофинансирањена 70% од докажаните трошоци но не повеќе од 120.000,00 денари, направени за следните намени:

-Набавка на опрема и алати;
-Уредување/подобрување на деловниот простор и
-Изработка на визуелен идентитет на производот/услугата
-изработка на веб страна, дизајн на логотип, изработка и печатење на рекламен материјал
(70% од докажаните трошоците но не повеќе од 40.000,00 денари).

Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2017година дел II, А. Поддршка и развој на мали и средни претпријатија, мерка 2

-Финансиска поддршка за женско претприемништво („Службен весник на Република Македонија“ бр. 192/2016) предвидени се средства во вкупен износ од 2.400.000 денари.

Средствата од субвенциите не се наменети за кофинансирање на следните трошоци:

- Набавка на потрошен материјал и возила;
- Износот платен за ДДВ за намените/трошоците за кои се бара кофинансирањето,
- Царина за намените/трошоците за кои се бара кофинансирањето;
- Курсни разлики;
- Закупнина за деловен простор и сл.

Кофинансирани ќе бидат само докажаните трошоци за предвидените намени настанати во2016и 2017 година.

Доколку претпријатието кое аплицира за кофинансирање на трошоци по основ на оваа мерка престане со вршење на дејност пред истекот на 1 година од датумот на добивање на средствата (освен во случај на смрт или трајна неспособност), во тој случај основачот на фирмата има обврска да врати 80% од доделените финансиски средства по основ на предвидените намени во период од 12 месеци.

По истекот на 1 година од датумот на добивање на средствата Министерството за економија преку Централниот Регистар на Република Македонија ќе провери дали претпријатието кое било субвенционирано во 2017 година е сеуште активно. Доколку се утврди дека претпријатијето престанало со вршење на дејност Министерството за
економија ќе поведе постапка за враќање на средствата.

2. Право на учество на јавниот повик имаат:

Претпријатија кои не добиле буџетски средства за финансиска поддршка на женско претприемништво во 2015 и 2016 година.

Претпријатија регистрирани како ТП, ДООЕЛ, ДОО во сопственост на жени над 50% и управувани од жени државјани на Република Македонија, кои ги исполнуваат следните услови:

- Работење во траење од најмалку еден месец пред објавувањето на јавниот повик (упис во трговскиот регистар);
- Имаат деловно седиште на територијата на Република Македонија;
- Имаат минимум двајца вработени на неопределено време (сопственичката на претпријатието и еден вработен);
- Намирени обврски кон државата и вработените.

Овие субвенции не се наменетизаследните сектори согласно Национална Класификација на Дејностите
-Рев.2:А/А
–Земјоделство шумарство и рибарство;

В/Б
–Рударство и вадење на камен;

D/Г
- Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација;

Е/Д
–Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината;

G/Е
–Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли(освен 45.20
–Одржување и поправка на моторни возила);

Н/Ж
- Транспорт и складирање(освен 52.10
-Складирање на стока, 53.10
–Дејности за давање на универзални поштенски услуги и 53.20
–Дејности за давање на останати поштенски и курирски дејности);

I/З
–Објекти за сместување и сервисни дејности со храна(освен 56.21
-Услуги на доставување на храна и пијалаци за посебни прилики (кетеринг));

К/И
–Финансиски дејности и дејности на осигурување;

N/Л
-Административни и помошни услужни дејности(освен 77.22
-Изнајмување на видео ленти и дискови, 81.2
-Дејности на чистење, 82.19
–Фотокопирање, подготовка на документи и останати специјализирани помошни дејности, 82.92
–Дејности на пакување);

Р/М
–Образование;

Q/Н
–Дејности на здравствена и социјална заштита;

R/Њ
–Уметност забава и рекреација(освен 90.03.
-Уметничко творештво, 93.13
-Објекти за фитнес, 93.21
–Дејности на забавни и тематски паркови)

Ѕ/О
–Други услужни дејности(освен 95.1
–Поправка на компјутери и опрема за комуникации, 95.2
–Поправка на предмети за лична употреба и за домаќинствата и96
–Други лични услужни дејности );

Т/П
–Дејности на домаќинствата како работодавачи, дејности на домаќинствата кои произведуваат разновидна стока и вршат различни услуги за сопствени потреби;

U/Р
–Дејности на екстратериторијални организации и тела.
- Правни и физички лица кои вршат дејност како сметководители, ревизори, адвокати, нотари, извршители, стечајни управници и проценители.
- Претпријатија над кои е покрената стечајна постапка или ликвидација.

3.Потребни документи за пријавување:

- Пополнет Образец „Барање –ЖП 2017“ (може да се подигне од архивата или од веб страната на Министерството за економија www.economy.gov.mk).
- Пополнет Образец „Изјава–2017“, заверена на нотар (Изјавата од барателот за доделена државна помош, може да се подигне од архивата или од веб страната на Министерството зa економија www.economy.gov.mk);
- Тековна состојба од Централен регистар на Република Македонија не постара од 2 (два) месеци;
- Листа на моментално вработени лица во претпријатието издадена од Агенцијата за вработување не постара од 2 (два) месеци;
- Уверение за платени даноци и придонеси од Управата за јавни приходи на Република Македонија, не постаро од 2 (два) месеци;
- Фактура/и за направените трошоци за предвидените намени со Извод од банка депонент или свифт од кој се гледа дека апликантот целосно ги подмирил обврските за направените трошоци по приложените фактури;
- Уплатница на износ од 250,00 денари( Цел на дознака:Уплата на административна такса, Назив и седиште на примач:Приходи на органи на управа, Банка на примач:Народна банка на Република Македонија, Трезорска сметка: 100000000063095, Уплатна сметка: 840 _______(во зависност од општината) 06116, Приходна шифра и програма: 725930 00 )и
- Уплатница на износ од 50,00 денари ( Цел на дознака: Уплата на административна такса, Назив и седиште на примач:Трезорска сметка, Банка на примач:Народна банка на Република Македонија, Трезорска сметка:100000000063095, Уплатна сметка:840________(во зависност од општината) 03161, Приходна шифра и програма:722313 00 ).

Горенаведената документација се доставува во оригинал или копија.

Доколку документацијата се доставува во копија, веродостојноста на секоја страница ја потврдува подносителот на барањето со свој потпис и печат.

Барањата за субвенционирање ќе ги разгледува Комисија формирана од министерот за економија.

Изборот на апликантите кои ги исполнуваат условите утврдени во Јавниот повик, ќе се прави запазувајќи го принципот “прв дојден, прв услужен“, односно по редослед на поднесување на апликациите, до исцрпување на расположивите средства.

Доколку поднесеното Барање е некомплетно, Комисијатаписмено ќе се обрати до апликантот и ќе определи рок за дополнување на Барањетоза субвенционирање.

Со цел запазување на принципот “ прв дојден, прв услужен “,за Барањатасо некомплетна документација, како датум на поднесување на Барањето ќе се смета датумот на последното дополнување на Барањето, односно датумот кога Барањето за субвенционирање ќе биде целосно комплетирано.

Еден апликант може да користи субвенции само еднаш по овој Јавен повик.

По исцрпувањето на расположивите средства Министерството за економија ќе објави Известувањена www.economy.gov.mk и на www.konkurentnost.mk.

Јавниот повик е објавен на веб страницата на Mинистеството за економија www.economy.gov.mk и на порталот www.konkurentnost.mk.

Барањата со комплетна документација се доставуваат во Архивата на Министерството за економија, ул. “Јуриј Гагарин” 15, Скопје, до 29.09.2017година.

тел: (02) 3093 445; 3093 508
www.economy.gov.mk
 

Содржината е прочитана 580 пати.