Бизнис клуб

Марина Анчевска, експерт за бизнис психологија ја промовира новата книга „Едноставно Јас“

Како прв мотивациски говорник и НЛП професионалец во Македонија, член на МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ и една од најуспешните жени менаџери во Р.Македонија, Марина Анчевска ќе ја промовира книгата „Едноставно Јас“ на 27.09. 2017 година во 19:00 часот во Public Room

вторник, 19 септември 2017

Како резултат на 17 години живеење, работење и школување во Холандија, Марина Анчевска одлично го прави спојот на западниот и балканскиот начин на живеење и дејствување, менталитет и ниво на свесност. Знаењето го носи од Запад меѓутоа истото многу умешно го прилагодува на балканскиот систем на вредности, начин на размислување и дејствување.

Преку нејзината работа полека, сигурно и со почит кон традицијата, вредностите и уверувањата, влијае врз начинот на размислување на поединецот, со цел да се задржи уникатноста, а да се зголеми чувството на припадност и одговорноста на дејствување во заедницата. Како прв мотивациски говорник и НЛП професионалец во Македонија и системскиот пристап во работата, за овие 10 години, Марина предизвика промени кај многу поединци и организации. “Земјата ни е дадена, а светот го креираме самите!”, вели Марина Анчевска. Како да се биде Едноставно свој? Оваа практична книга ќе ве однесе онаму каде што свесно или несвесно секој посакува да биде – Дома. Човекот функционира на четири полиња: ментално, физичко, поле на енергија и поле на душата. Сите четири полиња влијаат едно на друго и се надополнуваат.

Научете како да препознаете на кое поле е потребно да дејствувате за да креирате хармонија во сите други полиња. Дали трошите или инвестирате време, пари и енергија? Дали ризикувате, правите нешто ново со цел да креирате промена или останувате на сигурно, затоа што тоа ви е познато и знаете што да очекувате? Овие и многу други прашања, практични вежби и искуства од областа на Невро лингвистичкото програмирање, коучингот, емоционалната интелегенција, јогата и семејната терапија ќе ве поттикнат да бидете едноставно свои!
 

Содржината е прочитана 272 пати.