Инфо

Вкупно 40 инкубатори ќе им бидат доделени на 12 болници

Здравствените установи ќеги добијат инкубаторите на трајно користење

среда, 01 ноември 2017

Вкупно 40 инкубатори ќе им бидат доделени на 12 здравствени установи во Македонија на трајно користење, одлучи Владата на својата последна седница.

Од нив, осум инкубатори за интензивна нега ќе ѝ бидат дадени на Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, шест на Клиниката за детски болести од Скопје, 16 инкубатори ќе добие Јавната здравстена установа Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, а по еден инкубатор ќе им биде даден на клиничките и општите болници во Штип, Тетово, Струга, Прилеп, Охрид, Куманово, Битола, Гостивар, Струмица и на Специјалната болница за гинекологија и акушерство Чаир во Скопје.

 

Содржината е прочитана 245 пати.