Инфо

ВВ „Повардарие“ целосно ќе ги исплати лозарите до крајот на годинава

Раководството на винарницата изрази уверување дека ќе бидат комплетно расчистени долговите за преземеното грозје за 2014, 2015 и за 2016 година

четврток, 02 ноември 2017

Винарската визба „Повардарие“ од Неготино целосно ќе го исплати долгот за откупеното грозје кон лозарите до крајот на оваа година. Ваква одлука беше донесена на состанокот на лозарите со менаџментот на винарницата, што се одржа во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Раководството на „Поварадарие“ изрази уверување дека ќе бидат комплетно расчистени долговите за преземеното грозје за 2014, 2015 и за 2016 година. Беше речено дека винарницата има залихи за извоз во странство од чија што продажба планира да ја реализира исплатата на долговите кон лозарите.

 

Содржината е прочитана 268 пати.