Инфо

Прв собир и дегустација на пиво од домашни производители

Македонски производители на пиво во домашни услови утре организираат собир во Битола

петок, 03 ноември 2017

Македонски производители на пиво во домашни услови утре организираат собир во Битола.

На овој прв мини пиво-фест ќе бидат претставени 10 видови пиво. Настанот почнува напладне, во 12 часот, а предвидува правење пиво во живо, дегустација и дискусија со производителите.

За попладне, во 18 часот, е закажана проекција на филмот „Пивска култура“.

Организатор е задруга „Артикултура“ со поддрша на порталот „Сакам пиво мк“ кој ги промовира пивската култура во земјата, домашните производители и фејсбук групата „Домашно пиварство Македонија“.

- За овој прв настан е предвидена дегустација на пиво од шест производители, тројца од СКопје и тројца од Битола. Секако, ова ќе биде и јавен повик до сите што се заинтеерсирани за ова прекрасно хоби кое бара многу љубов и посветеност, вели за МИА сопственикот на „Сакам пиво мк“ Марјан Костадиновски.

Според него, пивата произведени во домашни услови се во мали серии, поради што и дегустацијата ќе биде лимитирана, а ќе чини симболични 50 денари.

- Целта е да се поттикне културата на дегустирање на овој древен пијалок и да се стимулира поинаков пристап, на повисоко ниво. Сакае и можеме и ние да се вклучиме во крафт пивската индустрија што го зафати речиси целиот свет, додава Костадиновски кој низ насмевка додава дека консумирањето пиво во умерени количини е добро за здравејто.

Сличен настан ќе се организира и во Скопје, до крајот на годинава.

(Преземено од МИА) 

Содржината е прочитана 336 пати.