Инфо

„BH Architects“ од Тетово победник на конкурсот за идејно решение за новиот универзитет „Мајка Тереза“

Универзитетскиот кампус што ќе се гради во кругот на касарната „Илинден“ ќе се простира на површина од 22.280 квадрати, а покрај петте факултетски згради, ќе има и затворен базен со полуолимписки димензии

понеделник, 06 ноември 2017

Архитектонското студио „BH Architects“ од Тетово е добитник на првата награда на конкурсот за изработка на идејно решение за идниот универзитетски кампус „МајкаТереза“ што треба да се гради во кругот на некогашната касарна „Илинден“ во Скопје. Победничкиот труд што ја однесе наградата вредна 600.000 денари во конкуренција од осум решенија, го изработија архитектите Бленд Хасани, Наим Полиси, Лиса Јусуфи, Илија Паунков, Вјолца Абдији, Аделина Хасани и Газмир Зимбери.

На конкурсот не е доделена втора награда, додека третата награда во вредност од 400.000 денари ја доби студиото „Ин инженеринг“ од Скопје.

Идниот кампус за Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје ќе се гради на парцела со големина од 22.280 квадратни метри, а објектите ќе зафатат површина од 31.980 квадрати. Покрај петте факултетски згради, комплексот ќе има и затворен базен со полуолимписки димензии. Во рамки на новиот државен универзитет во Скопје предвидено е да функционираат пет факултети: Факултет за градежништво и архитектура, Факултет за технолошки науки, Факултет за информатика, Факултет за технички науки и Факултет за социјални науки.

 

Содржината е прочитана 423 пати.