Инфо

Објавени добитниците на наградата „13 Ноември“ за 2017

Наградата „13 Ноември“ се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Град Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, образованието

понеделник, 06 ноември 2017

Одборот за доделување на наградата „13 ноември“ на Град Скопје ги објави имињата на добитниците за 2017 година.

Во областа на науката добитници се Горан Кондов, специјалист-хирург по градна хирургија и Хаки Имери, пензиониран професор од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Во областа на образованието и воспитанието наградена е Јадранка Клисарова, одделенски наставник во ОУ „Блаже Конески“ во Скопје, а од областа на културата и публицистиката наградени се романсиерот, поет и издавач Димитар Башевски и Пунторие Муча – Зиба, поетеса и романсиер.

Во областа на уметноста годинава наградени се обоистот Васил Атанасов и ликовниот уметник Стефан Хаџи – Николов.

Од областа на здравствената заштита и хуманитарна активност наградата „13 Ноември“ годинава ја добија кардиоваскуларниот хирург Жан Митрев и наставникот по физичко и здравствено образование во ОУ „Рајко Жинзифов“ – Чаир, Раде Илиевски.

Од областа на спортот наградени се фудбалскиот работник Чедомир Јаневски и кајакарот Атанас Николовски.

Наградата „13 Ноември“ се доделува на физички и правни лица како знак на признание на Град Скопје за остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитание и образование... Наградите на добитниците ќе им ги врачи градоначалникот Петре Шилегов на Денот на ослободувањето на Скопје – 13 Ноември.

 

Содржината е прочитана 492 пати.