Инфо

Горивата поскапуваат за два до три денари

Бензините поскапуваат за 2,5, односно за 3 денари, а дизелот за 2 денари

понеделник, 13 ноември 2017

Горивата поскапуваат за два до три денари. Цената на бензинот од 95 октани ќе биде повисока за 2,5 денари за литар и ќе изнесува 66,5 денари. За три денари поскапува бензинот од 98 октани, па новата цена ќе биде 68,5 денари литар, додека за два денара нагоре оди и дизелот, кој сега ќе изнесува 54 денари за литар. Поскапуваат и екстра лесното масло за домаќинство и мазутот.

Новите цени во просек се за 7,77 проценти повисоки во однос на досегашните. Од Регулаторната комисија за енергетика велат поскапувањето на горивата се должи на зголемената цена на суровата нафта на светските берзи, како и на повисокиот курс на денарот во однос на доларот.
 

Содржината е прочитана 281 пати.