Инфо

Паркирањето во Центар ќе поскапи до 50 отсто

За да се намали загадувањето Општината разговарала со БЕГ за можноста да се приклучат на централно греење и куќите од населбите

четврток, 23 ноември 2017

Општина Центар најверојатно ќе го поскапи паркирањето за 50 отсто. За предлогот ќе треба да се произнесат општинските советници, по што ќе се знае и дали новите цени ќе важат од 1 јануари наредната година, или можеби и порано.

Предлогот за покаспување на паркирањето во централното градско подрачје е по примерот на светските метрополи,
како една од мерките за намалување на загадувањето.

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ рече дека е разговарано со БЕГ за можноста да се приклучат на централно парно греење и куќите од населбите во Центар, со цел да се намали загадувањето на воздухот во зима.

 

Содржината е прочитана 347 пати.