Инфо

Општина Карпош од 2018 година почнува со субвенционирање купување велосипед

Од наредната година во општинскиот буџет ќе бидат предвидени средства за поврат на дел од вложените средства на карпошани за купување нов велосипед

петок, 15 декември 2017

Општината Карпош од наредната година ќе субвенционира купување велосипед. Ова го најави градоначалникот Стефан Богоев по средбата со неформалната група „На Точак“. Со ова, по Центар и Град Скопје, Карпош ќе биде третата локална самоупава што со општински пари ќе им помага на своите граѓани при купувањето велосипед.

Од 2018 година во општинскиот буџет ќе бидат предвидени средства за поврат на дел од вложените средства на карпошани за купување нов велосипед. Целта е да се омасови користењето на ова превозно средство од страна на граѓаните.

„Мора да започнеме да ги менуваме навиките. Со користење на велосипедот ќе влијаеме и врз намалување на загадувањето, знаејќи дека автомобилите се едни од најголемите загадувачи во Скопје“, рече Богоев.

На средбата се разговарало и за постоечката велосипедска инфраструктура. Притоа, како што велат претставниците на „На Точак“, било потенцирано дека е потребно е да се обноват постоечките и да се изградат нови вело-патеки со кои Карпош ќе се поврзе со другите населби во градот, како и да се подобри сигнализација низ сервисните улици кои се под надлежност на Општината. Исто така, станало збор и за предложените решенија за паркирање на велосипедите пред фреквентните места и установите во Карпош.
 

Содржината е прочитана 360 пати.