Инфо

Во Карпош е отворена подрачна канцеларија за вадење изводи

Во ова подрачно одделение ќе може да се извади извод од матична книга на родени, извод од матична книга на умрени и венчален извод

среда, 20 декември 2017

Во Карпош е отворена подрачна канцеларија на Управата за водење матични книги во која жителите на општина Карпош ќе можат да вадат изводи од матична книга на родени, од матична книга на умрени и венчален извод.

Канцеларијата ја отворија градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев и директорот на Управата за водење на матични книги, Ѓоко Котевски.

„Во оваа канцеларија карпошани ќе можат многу поедноставно, полесно и побрзо да ги вадат потребните документи. Ова ќе биде олеснување не само за жителите кои се родени во Карпош, туку и за оние кои потекнуваат од други општини, а сега се жители на Карпош“, рече Богоев.

По Аеродром, Општина Карпош е втора локална самоуправа во која се отвора ваква подрачна канцеларија. Овој проект, како што наглади Котевски е дел од владината програма „ 3-6-9“, со која се предвидува институциите на системот да бидат подостапни до граѓаните.

„За оваа година, ова е последна подрачна канцеларија која ја отвораме, но веднаш по Нова година, ќе отвориме единица и во Општина Бутел. На овој начин, многу поефекасно ќе ги сервисираме потребите на граѓаните“, рече директорот Котевски.
 

Содржината е прочитана 358 пати.