Инфо

Повлечени спорните производи на „Лакталис“

Потрошувачите кои веќе ги купиле овие производи не треба да ги консумираат и истите можат да ги вратат на местото каде што ги купиле

четврток, 21 декември 2017

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека се повлечени спорните производи на француската компанија „Лакталис“. Потрошувачите кои веќе ги набавиле овие производи не треба да ги консумираат и истите можат да ги вратат на местото каде што ги купиле.

„Агенцијата ги информира потрошувачите за повлекување и отповикување на производот млечна храна за доенчиња со трговско име Picot SL. и тоа производите од брендот Picot SL Celia Prema, Celia Digex -12, Celia Expert 2 со сериски броеви: 17С0013095; 17С0012806 и 170012838 по потекло од Франција, фабрика ‘Лакталис’“, информираат од АХВ и додаваат дека увозник на овие производи во земјава е фирмата „Промедика“ ДООЕЛ од Скопје.

АХВ информацијата ја добила преку РАСФФ системот за брзо информирање за небезбедна храна на Европската унија.
 

Содржината е прочитана 299 пати.