Инфо

Ротари клуб донираше 12 прочистувачи на воздух за две градинки во Центар

Донацијата е овозможена од фирмата „Екотин“ од шведскиот произведувач „Blue Air“

петок, 22 декември 2017

Градинките „Кочо Рацин “ и „Наум Наумовски Борче“ во општина Центар добија 12 прочистувачи на воздух од Ротари клуб Скопје – Камен мост. Со донацијата значително ќе се подобри квалитетот на воздухот што го дишат децата за време на нивниот престој во градинката и ќе се намали ризикот од заболувања на белите дробови и дишните патишта.

„Ова е еден од начините на кои се справуваме со загадениот воздух. Голема благодарност до Ротари клубот. Општината ќе обезбеди средства за да може сите градинки и сите седум основни училишта во Центар да добијат прочистувачи за воздух“, рече градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Донацијата е овозможена од фирмата „Екотин“ од шведскиот произведувач „Blue Air“.

„Чистиот воздух треба да е привилегија за секого. Тука нема да застанеме. Центар е првата општина со вакви прочистувачи на воздух. Особено ме радува фактот дека расте свеста за неопходноста за чист воздух“, рече Илија Андреевски, генерален менаџер на „Екотин“.
 

Содржината е прочитана 462 пати.