Инфо

Исклучените од парно нема да плаќаат паушал во 2018 година

Од Владата информираат дека проблемот со кој се соочуваат граѓаните ќе биде решен во рамките на новиот предлог Закон за енергетика

петок, 22 декември 2017

Домаќинствата кои се исклучени од централното греење во Скопје, во 2018 година ќе бидат ослободени од плаќање на паушалот што го плаќаат во моментов. Од Владата информираат дека проблемот со кој се соочуваат граѓаните ќе биде решен во рамките на новиот предлог Закон за енергетика.

„Во подзаконските акти на Законот за енергетика, кој ќе се воведе во текот на 2018 година се предвидени специфични решенија со кои во рамките на законската регулатива ќе се реши оваа наследена ситуација“, се вели во соопштението од Владата.
 

Содржината е прочитана 372 пати.