Инфо

Просечната нето плата во октомври 23.356 денари

Бруто-платата од 34.266 денари е за 3,8 проценти повисока во однос на истиот месец лани

петок, 22 декември 2017

Просечната исплатена нето-плата во октомври изнесува 23.356 денари и е за 4 проценти повисока во однос на платата исплатена во октомври минатата година, додека просечната бруто-плата по вработен во октомври изнесува 34.266 денари и е зголемена за 3,8 проценти во однос на истиот месец лани. Во октомври 1,6 проценти од вработените не зеле плата.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи, пред се на зголемувањето на просечната плата во секторите Уметност, забава и рекреација – 23,6 проценти, во Рударство и вадење на камен 10,7 отсто и во секторот Преработувачка индустрија 8,1 процент.

Во однос на септември зголемување е забележано во секторите Рударство и вадење на камен, Транспорт и складирање и Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината.
 

Содржината е прочитана 332 пати.