Инфо

Вработени над 150.000 луѓе за десет месеци

Во периодот од 1 јануари до 31 октомври се вработиле вкупно 152.964 лица од кои 63.461 се вработиле на неопределено, а 89.503 на определено време

понеделник, 25 декември 2017

Вкупно 152.964 лица се вработиле во периодот од 1 јануари до 31 октомври годинава, покажуваат податоците на Агенцијата за вработување на Република Македомија (АВРМ). Од нив, 63.461 лица се вработиле на неопределено, а 89.503 на определено време.

Во моментов како невработени се водат 102.100 лица, од кои 44.259 се без образование или само со завршено основно училиште. Со непотполно средно образование се 14.359 лица, со завршено средно 29.007, со вишо 1.659 лица, додека 11.914 се високообразовани луѓе.

Невработени има и 868 магистри и 34 доктори на науки.
 

Содржината е прочитана 337 пати.