Инфо

„Нова година-нови насмевки“, хуманитарна новогодишна забава на Општина Центар

Општината со помош на донации организира забава која ќе има хуманитарен карактер, ќе може да се донираат средства за 16-годишно момче кому му треба итна операција за пресадување коскена срцевина во Италија

понеделник, 25 декември 2017

Под мотото „Нова година – нови насмевки“, Општина Центар на 30 и 31 декември на „Сквер Јадран“ организира хуманитарна новогодишна забава за децата, младите и за повозрасните. Присутните ќе ги забавуваат Кристина Арнаудова, Тамара, Некст тајм и Ај кју.

„Среќен сум што успеавме со донации да понудиме богата програма за сите жители од 7 до 77 години. Прославата ќе има хуманитарен карактер. Затоа, ги повикувам сите во убава атмосфера да си посакаме среќа и радост во новата 2018 година, но и да ја покажеме својата хуманост донирајќи за 16-годишно момче кому му треба итна операција за пресадување коскена срцевина во Италија“, рече градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Забавата стартува во 12 часот на 30 декември со програма наменета за најмладите, а во 16 часот „Улица Новогодишни желби бр.2018“, ќе биде место за потсетување на некогашното скопско корзо. Од 20 часот почнува музичката програма со ДЈ Гоце Саф, ТХЦФ од Белград и ДЈ Страјк.

На 31 декември во 12 часот на „Сквер Јадран“ ќе биде организиран новогодишен турнир во шах, а од 21 часот почнува Новогодишната забава со Некст тајм, Ај кју, Тамара и Кристина Арнаудова.
 

Содржината е прочитана 417 пати.