Инфо

Катастарските услуги поевтинија од 20 до 90 проценти

Во тарифникот за надоместок за запишување на инфраструктурни објекти цените се намалуваат во просек за 90 отсто, во тарифникот за запишување на недвижности во Катастарот за 51 отсто, додека цените за надоместок за користење на податоците од Геодетско Катастарскиот Информационен Систем се намалуваат во просек за 28 отсто

понеделник, 25 декември 2017

Стапија во сила новите три тарифници со кои се намалуваат цените на услугите на Агенцијата за катастар на недвжности во просек од 20 до 90 проценти.

Во тарифникот за надоместок за запишување на инфраструктурни објекти цените се намалуваат во просек за 90 отсто, во тарифникот за запишување на недвижности во Катастарот за 51 отсто, додека цените во тарифникот за надоместок за користење на податоците од Геодетско Катастарскиот Информационен Систем се намалуваат во просек за 28 отсто.

Намален е и надоместокот за промена на кулутра и тоа од 38 до 80 проценти, со цел да се стимулираат земјоделците да ги променат називите на културите во имотните листови, за да се олесни процесот на добивање субвенции.

Директорот на Катастарот, Борис Тунџев истакна дека намалувањето на цените на улсугите нема да се одрази врз работењето на Катастарот и рече дека со други мерки ќе се намалат трошоците што биле правени порано за плаќање услуги кои не биле во функција на подобрување на работата. Тунџев појасни дека во изминатте четири месеци биле решени околу 4,200 од затекнатите 4.700 заостанати предмети и потенцираше дека во иднина предметите ќе се решаваат без ургенции и во рок пократок од пропишаниот доколку се комплетни.

„Со мерката за намалување на цените на услугите на Катастарот е исполнето ветувањето дадено во владината програма. Владата и во наредниот период ќе работи на унапредување и осовременување на државните институции кои ќе имаат обврска ефикасно и транспарентно да работат во интерес на сите субјекти во државата“, рече министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и вети дека во наредниот период ќе биде донесен закон за геодетска дејност надвор од Законот за катастар на недвижности.
 

Содржината е прочитана 254 пати.