Инфо

Стартуваат интервентите мерки против загадувањето

Интервентите мерки значат бесплатен јавен превоз за сите граѓани, ослободување од работа на бремените жени и на хронично болните, активност на градилиштата, зголемена мобилност на службите за итна медицинска помош..

среда, 27 декември 2017

Владата ги активира интервентните мерки против загадувањето на воздухот, бидејќи на две мерни станици во градот два дена по ред било регистрирано загадување над дневниот лимит, истакна портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски на прес-конференција.

Интервентите мерки значат бесплатен јавен превоз за сите граѓани, ослободување од работа на бремените жени и на хронично болните, миење на улиците, намалена активност на градилиштата, зголемена мобилност на службите за итна медицинска помош, домашна посета и на патронажна служба.

Вакви вонредни мерки се воведуваат доколку среднодневната концентрација на ПМ10 честички во воздухот го надмине прагот од 200 микрограми на кубен метар во текот на два последователни дена на најмалку две мерни станици во Скопје, односно, на половина од вкупниот број поставени станици во било кое населено место.

Согласно мерките, Министерството за животна средина и Министерството за здравтсво им препорачуваат на сите работодавачи да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан инфаркт или мозочен удат, без разлика на возраста. Се препорачува оние кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот, да нема спортски напревари или други манифестации на отворено, како и за 50 проценти да се намали употребата на службените возила.

Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и со Единиците за локална самоуправа треба да обезбедат прифатилишта за бездомници и организирани посети на стари осамени лица.

Државниот инспекторат за животна средина треба да врши зачестена контрола на инсталациите кои што поседуваат А интегрирана дозвола и да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух со акредитирана лабораторија. Министерството за животна средина, пак, да достави препорака до овие инсталациите за намалување на капацитетот на производство до 50 проценти. Оваа мерка нема да се однесува единствено за инсталациите кои произведуваат топлинска или електрична енергија.

 

Содржината е прочитана 1024 пати.