Инфо

„Купи куќа, купи стан“ продолжува и во 2018 година

Со оваа одлука граѓаните можат и во 2018 година да дојдат до сопствен дом по поволни услови

среда, 27 декември 2017

Проектот за субвенционирање станбен кредит „Купи куќа, купи стан“ ќе продолжи и следната година. Владата денеска на седница го разгледала и го усвоила извештајот за спроведување на Законот за субвенционирање на станбен кредит, со предлог–одлука за јавниот повик и бројот на јавни повици за пријавување на граѓани за добивање субвенциониран станбен кредит да продолжи и во текот на 2018 година.

Од Владата појаснуваат дека со оваа одлука ќе им се овозможи на граѓаните да дојдат до сопствен дом по поволни услови и во наредната година.
 

Содржината е прочитана 354 пати.