Инфо

ГТЦ и Сити мол со ново работно време за празниците

За прв пат 1 јануари е неработен ден во Сити мол. Ќе работат само киното, кафулињата и рестораните, а маркетот „Рамстор“ ќе биде отворен од 12 до 22 часот

четврток, 28 декември 2017

Градскиот трговски центар и Скопје Сити мол со сменето работно време за претстојните празници.

Од ГТЦ информираат дека во сабота на 30 декември и во недела 31 декември дуќаните ќе работат од 11 до 17 часот

Од Сити мол известуваат дека работното време на 29 и 30 декември (петок и сабота) ќе биде продолжено до 23 часот, но тоа нема да биде обврзувачко за сите локали, додека во недела, пак, на 31 декември продавниците ќе работат до 19 часот.

За прв пат, 1 јануари е прогласен за неработен ден за Сити мол. Тогаш ќе работат само киното, кафе-баровите и рестораните, како и маркетот „Рамстор“ кој ќе биде отворен од 12 до 22 часот
 

Содржината е прочитана 2815 пати.