Инфо

Бугарите и Хрватите со најслаба куповна моќ во ЕУ

Според животниот стандард Турција веќе надминала четири европски држави и е пред сите земји од Југоисточна Европа

среда, 03 јануари 2018

Бугарите и Хрватите имаат најслаба куповна моќ од сите земји членки на Европска унија, покажуваат податоците на европската статистичка служба „Евростат“, која истражувањето го базира на потрошувачката кошничка на исти производи во различни земји.

Хрватска е на претпоследно место според потрошувачката по глава на жител, со 59 отсто од просекот во ЕУ. Од неа, послаба е единствено Бугарија.

Животниот стандард во Турција, пак, пораснал до таа мера, што оваа држава веќе надминала четири држави членки на ЕУ и сите земји на Југоисточна Европа. Така, еден просечен Турчин, со потрошувачката која изнесува 64 отсто од европскиот просек, има поголема куповна моќ од жителите на Хрватска, Унгарија, Романија, Бугарија, Србија, Црна Гора, Македонија, БиХ и на Албанија.
 

Содржината е прочитана 381 пати.