Инфо

Во Македонија има над 1,8 милиони платежни картички

Физичките лица користат 1.830.948 картички, а правните 31.292. Од брендовите најзастапена е картичката „Виза“

четврток, 04 јануари 2018

Во Македонија има над 1,8 милиони платежни картички, од кои најголемиот дел ги користат физички лица. Од брендовите, најзастепена е картичката „Виза“.

Според податоците на Народната банка на Македонија издадени се вкупно 1.862.240 платежни картички. Од нив физичките лица користат 1.830.948, а правните лица 31.292 картички.

Од вкупниот број издадени картички, 372.413 се кредитни, од кои 362.591 се на физички лица, а 9.532 на правни лица. Дебитни картички има 1.442.072.

Најмногу од издадените картички се од брендот „Виза“ вкупно 1.096.707, од „Мастеркард“ има 667.907 картички, а останатите 78.278 картички се од другите брендови.

За разлика од големиот број платежни картички, во Македонија има малку издадени картички за купување на интернет, само 19.348. Од нив 19.300 се на физички лица, а само 48 картички им припаѓаат на правни лица.
 

Содржината е прочитана 403 пати.