Инфо

Казна од 8.500 евра за „Дрисла“ заради неправилно горење медицински отпад

Инспекторатот за животна средина кој спровел надзор над осум компании во Скопје, констатирал дека депонијата не ги почитува протоколите

четврток, 04 јануари 2018

Санитарната депонија „Дрисла“ е казнета со 8.500 евра поради несоодветно горење на медицинскиот отпад.Како што објавува порталот „Макфакс“, во новиот извештај на вонредниот инспекциски надзор испратен до Владата, е наведено дека во надзорот спроведен во Скопје со кој биле опфатени осум компании, е констатирано дека „Дрисла“ не ги почитува протоколите и за горењето медицински отпад е казнета парично со 8.500 евра.

„Правниот субјект е инспектиран во периодот пред вонредните надзори, има добиено решение во инспекциска постапка за натамошно постапување со печката за согорување медицински отпад во денови на нормално функционирање и денови кога има надминување на праговите во станица ‘Лисиче’. Од страна на комисијата за спогодување е санкционирана со 8.500 евра во противредност за прекршок во согласност со Законот за квалитет на амбиенталниот воздух“, стои во известувањето на Државниот инспекторат за животна средина кој постапува по налог на интерсекторската работна група формирана за да го истражи амбиенталниот воздух.
 

Содржината е прочитана 278 пати.