Инфо

Земјотрес во Црна Гора од 5 степени, во Македонија почувствуван со 4 степени

Земјотресот е почувствуван во повеќе градови во Западна Македонија и во Скопје

четврток, 04 јануари 2018

Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денеска во 11,46 минути регистрираa земјотрес со магнитуда од 5,1 степени по Рихтер со епицентар на 145 километри северозападно од Скопје, во Црна Гора.

Земјотресот е почувствуван и во повеќе делови од Западна Македонија и во Скопје. Во Тетово и Гостивар потресот е почувствуван со интензитет од 4 степени според Европската макросеизмичка скала (ЕМС), во Скопје, Струга и во Кичево со интензитет од 3 и 4 степени, а во Охрид со јачина од 3 степени според ЕМС.
 

Содржината е прочитана 338 пати.