Инфо

Дизелот поскапува уште за еден денар по литар

За половина денар поскапуваат ЕУРОСУПЕР БС-98 и Екстра лесното масло за домаќинство

вторник, 09 јануари 2018

Дизелот од ноќеска на полноќ поскапува за еден денар по литар и ќе чини 59,5 денари, а за половина денар се зголемува цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство, кои сега ќе се продаваат по 68,5 денари, односно, по 48 денари за литар.

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,66, односно за 1,29 отсто.
Со одлуката не се менува малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и литар од ова гориво останува 66,5 денари.

Со одлуката на РКЕ за 0,764 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 29,367 денари.

Како причина за зголемувањето на цените на нафтените деривати од Регулаторната комисија ги посочуваат за 3,81 отсто повисоката просечна цена на сурвата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,54 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.
 

Содржината е прочитана 359 пати.