Инфо

Рекордни два милиони патници од македонските аеродроми

Бројот на опслужени патници во 2017 година е за 13 проценти поголем од бројот во 2016 година

вторник, 09 јануари 2018

Во текот на 2017 година на двата аеродроми биле опслужени точно 2.027.344 патници што е за 13 проценти повеќе отколку во 2016 година кога низ домашните аеродроми поминале вкупно 1.794.376 патници.

Само во декември биле регистрирани 150.528 патници, што е исто така зголемување за 13 отсто во споредба со истиот месец претходната година.

Податоците на ТАВ Македонија покауваат зголемување и на бројот на прелети. Така, минатата година на двата аеродроми биле регистрирани вкупно 18.130 прелети што е зголемување од 7 проценти во однос на 2016 година, додека на месечно ниво, пак, во декември лани имало 1.374 прелети или за 13 отсто повеќе од истиот месец претходната година.
 

Содржината е прочитана 265 пати.