Бизнис вести

„Виз ер“ лани превезла 1,2 милиони патници од Македонија

Унгарсата авиокомпанија се надева дека и натаму ќе добива субвенции за нискобуџетни летови од македонската влада и по истекување на договорот во јуни годинава, иако се уште не одлучила дали ќе учествува на новиот повик

четврток, 11 јануари 2018

Унгарската авиокомпанија „Виз ер“ во 2017 година превезла 1,2 милиони патници од Македонија, што е за 20 проценти повеќе од претходната година, а годинава очекува тој број да се зголеми за 23 отсто.

Компанијата објави дека, покрај рекордниот број патници од македонските аеродроми, во текот на минатата година значително ги прошири своите операции, направи најголема нарачка на воздухоплови, почна делумно спонзорирана шема за обука на аспиранти за пилоти и воведе бројни подобрувања на искуството на клиентите.

„Виз ер“ лани ја прошири својата скопска флота на четири авиони и воведе четири нови авиолинии од Скопје до Будимпешта, Малта, Рим и Ваксјо. А, со новонајавената линија Охрид – Виена, компанијата сега нуди 30 нискобуџетни дестинации во 14 земји од аеродроите во Скопје и во Охрид, што што, „Виз ер“ моментално држи 63 отсто од пазарот во Македонија.

Унгарската авиокомпанија очекува дека ќе продолжи да добива субвенции за нискобуџетни летови од македонската влада и по истекување на договорот во јуни годинава. Како што рече главниот извршен директор на „Виз ер“, Јозеф Варади, иако се уште немаат одлучено дали ќе учествуваат на повикот на Владата за субвенции, тие се надеваат дека соработката ќе продолжи.

И од ТАВ Македонија очекуваат „Виз ер“ да продолжи со развојот на нивниот бизнис на македонскиот пазар, притоа инвестирајќи во нови дестинации и во зголемување на фреквенциите на постојните авиолинии.
 

Содржината е прочитана 186 пати.