Инфо

За викендите ќе може да се патува со воз до Солун

Патничкиот железнички сообраќај меѓу Македонија и Грција ќе се одвива само преку викенди, додека во текот на работните денови ќе има само автобуски превоз

понеделник, 15 јануари 2018

Викендов што измина повторно беше воспоставен патничкиот железнички сообраќај меѓу Македонија и Грција, што беше во прекин. Сообраќајот ќе се одвива само за викендите и тоа на неопределено време.

Во текот на работните денови, пак, експресните возови од Гевгелија кон Солун и обратно нема да возат, а патниците ќе можат да патуваат како и досега со автобуски превоз..
 

Содржината е прочитана 1031 пати.