Инфо

Стопирани проектите за експресниот пат Охрид-Пештани и за Струга-Требеништа

Реализацијата на проектите е запрена откако УНЕСКО искажа загриженост за влијанието на овие патишта врз животната средина

вторник, 16 јануари 2018

Министерството за транспорт и врски ја запре реализацијата на проектите за изградба на експресен пат Охрид – Пештани и на 8,5 километри долгиот пат Струга – Требеништа, кој требаше да се поврзе со автопатот Охрид – Кичево, откако УНЕСКО искажа сериозна загриженост за влијанието на овие патишта врз животната средина.

„По извршената мисија од страна на УНЕСКО, беа доставени забелешки и препораки за стопирање на изградбата се додека не се испита влијанието врз животната средина“, велат од Министерството за транспорт и врски.

Одлуката на Министеството следува по минатогодишното барање на УНЕСКО да запре изградбата на експресниот пат Охрид-Свети Наум што минува низ Националниот парк „Галичица“.

„Мисијата на УНЕСКО изразува загриженост од зголемување на сообраќајот и туризмот, како и од другите слични несоодветни инфраструктурни проекти“, беше наведено во официјалниот извештај на УНЕСКО.

За двата патни правци беа доделени средства во висина од 86 милиони евра.

 

Содржината е прочитана 301 пати.