Инфо

УЈП: Известување за евиденциите на влезни/излезни фактури како прилог на ДДВ-04 пријавата

ДДВ-обврзниците не треба да доставуваат табеларен преглед на фактурите

четврток, 18 јануари 2018

„Се известуваат сите ДДВ-обврзници кои од Управата за јавни приходи добиле барање да доставуваат табеларен преглед на влезни и излезни фактури како прилог на пријавата за данокот на додадена вредност ДДВ-04 преку системот е-даноци заради утврдување на веродостојноста на податоците искажани во поединечните полиња на даночната пријава дека обврската по барањето престанува, односно прилозите не треба да ги доставуваат кон ДДВ-04 пријавата.
ДДВ-обврзниците кои добиле барање од овој вид од УЈП, при поднесување на пријавата за данокот на додадена вредност ДДВ-04 за даночните периоди (1.10 -1.12.2017 и 1.12 – 31.12.2017) за кои рокот за поднесување е најдоцна до 25 јануари 2018 година, не треба да достават табеларен преглед со влезни и излезни фактури во прилог на даночната пријава“, се вели во соопштението на УЈП.
 

Содржината е прочитана 474 пати.