Инфо

Светозар Јаневски одликуван со орден „Витез од прва класа на редот на финскиот лав“

Почесниот конзул на Финска во Македонија го доби признанието поради своите досегашни залагања и исклучителниот придонес за соработката и пријателството меѓу двете земји

понеделник, 22 јануари 2018

Почесниот конзул на Република Финска во Република Македонија, Светозар Јаневски е одликувн со орден „Витез од прва класа на редот на финскиот лав“. Призннието му е доделено на Јаневски за неговите досегашни залагања и за исклучителниот придонес за соработката и пријателството меѓу двете земји. Одликувањето го изврши амбасадорот на Република Финска за Македонија, Перти Иконен, на пригодна церемонија во неговата резиденција во Белград.

„Ми претставува големо задоволство што во име на претседателот на Финска го доделувам орденот - Витез од прва класа на редот на финскиот лав, на господинот Светозар Јаневски за неговите големи заслуги во воспоставувањето на пријателските односи и соработката меѓу нашите две земји. Редот на финскиот лав го сочинуваат исклучителни личности кои го докажале своето лидерство во областите каде живеат и делуваат. Со целокупната своја работа и однесување, господинот Јаневски докажал дека неслучајно е дел од овој престижен ред“, рече амбасадоторот Иконен.

Одликувањата од редот на финскиот лав се востановени во 1942 година. Тие се еден од трите видови одликувања што ги доделува претседателот на Финска. Ордените од редот на финскиот лав се доделуват за воени и граѓански заслуги на истакнати личности за нивните исклучителни достигнувања. Ваквото високо одликување многу ретко се доделува на личности надвор од Финска.

„Да се биде дел од редот на финскиот лав за мене претставува голема чест, затоа што доаѓа од земја која докажала дека знае да ги препознае и соодветно да ги вреднува вистинските вредности. Би сакал да ја споделам заслугата за добивањето на овој орден со оние што постојано се со мене и ми даваат огромна поддршка во сѐ што работам, а тоа е моето семејство, како и моите соработници. Ова признание претставува најдобра верификација за нашите напори, како и дополнителен поттик во изнаоѓање начини како да ги приближиме двете земји, Македонија и Финска, да научиме нешто повеќе едни за други и да најдеме можности за соработка во сите општествени области“, истакна Јаневски.

 

Содржината е прочитана 560 пати.