Инфо

Горивата поскапеа за еден денар

Малопродажната цена на нафтените деривати е зголемена во просек за 1,71 отсто

вторник, 23 јануари 2018

Регулаторната комисија за енергетика ја зголеми малопродажната цена на нафтените деривати во просек за 1,71 отсто, па горивата веќе се продаваат поскапи за еден денар по литар.

Така, ЕУРОСУПЕР БС-95 сега чини 67,50 денари за литар, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,50 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ надмина 60 денари и се продава по 60,50 денари за литар. Литар екстра лесно масло за домаќинство чини 49,00 денари, а цената на мазутот е зголемена на 29,906 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од Регулаторната комисија за енергетика ги посочуваат за 4,54 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена, како и за 1,44 отсто повисокиот крус на доларот во однос на денарот.
 

Содржината е прочитана 321 пати.