Инфо

Годинава ќе се инвестираат 16,7 милијарди денари во патна инфраструктура

Владата ја узвои годишната програма за изградба, реконструкција и одржување на државните патишта

вторник, 23 јануари 2018

Владата ја усвои Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација и одржување на државните патишта за 2018 година на ЈП за државни патишта, со која се предвидени инвестиции во висина од 16.748.600.000 денари. Со подобрување на патната инфраструктура Владата има за цел да го стимулира економскиот раст и развој на земјата.

Во програмата се опфатени изградба и обнова на патишта од сопствени средства на Јавното претпријатие, продолжување на тековните проекти за изградба на автопатите Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип со заем од Ексим банка, како и проекти со заеми од Светска банка и од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Годишната програма опфаќа и инвестициско одржување на патишта преку договор со ЈП Македонија пат, како и изработка на проектна документација и надзор над градежните работи на државните патишта.

 

Содржината е прочитана 378 пати.