Инфо

„ТИГО Фајнанс“ отвори три филијали каде може да се земе кеш кредит веднаш

Граѓаните можат да аплицираат за кредити во износ од 2.000 до 60.000 денари, со рок на отплата 7, 14 или 30 дена и на 3, 6 или на 12 месеци

петок, 26 јануари 2018

Финансиското друштво „ТИГО Фајнанс“ отвори три филијали во Скопје во кои граѓаните можат да аплицираат за брз кредит во износ од 2.000 до 60.000 денари со рок на отплата 7, 14 или 30 дена и на 3, 6 или 12 месеци.

Аплицирањето е возможно 24/7 на веб страницата www.tigo.mk, или, пак во новоотворените филијали, каде што корисниците добиваат информација за само 30 секунди за максималниот износ на пари којшто им стои на располагање.

Филијалите се наоѓаат во три општини во Скопје и тоа во Центар во зградата „Тифани“, во Карпош во „Лептокарија“ и во Ѓорче Петров, веднаш спроти општинската зграда.

„За прв пат во Македонија ‘ТИГО Фајнанс’ е единствено финансиско друштво кое во своите филијали врши исплата на кредити во кеш, а притоа првиот кредит е бесплатен за сите нови клиенти. Бесплатниот кредит овозможува корисниците да земат кредит со еднократна отплата во висина од најмногу 12.000 денари и да вратат исто 12.000 денари, со 0 проценти трошоци за аплицирање, 0 проценти камата и 0 проценти провизија“, се вели во информацијата од друштвото.

Покрај исплатата во кеш во филијалите, постои опција и за исплата на одобрените кредити преку банкарски трансфер на трансакциска сметка во рок од еден час.

Работното време на филијалите е од понеделник до сабота од 10 до 18 часот, а контакт центарот за онлајн поддршка работи од понеделник до сабота од 8 до 20 часот.

 

Содржината е прочитана 1210 пати.