Инфо

Почина Ингвар Кампрад, основачот на „Икеа“

Кампрад ја основал компанијата кога имал само 17 години и тоа со парите што ги добил како награда од неговиот татко

понеделник, 29 јануари 2018

Основачот на „Икеа“, Ингвар Кампрад почина во неделата во својот дом на 91 годишна возраст.

„Господинот Кампрад почина мирно во својот дом во Смоланд. Тој е еден од најголемите бизнисмени на 20. век, работеше до последниот ден“, се вели во соопштението на шведскиот гигант.

Основачот на најпознатата светска компанија за производство на мебел е роден во 1926 година. Ја основал „Икеа“ кога имал само 17 години, со парите што ги добил како награда од неговиот татко за успешно завршување на школувањето. Компанијата денес има 389 супермаркети низ целиот свет, а во 2016 година остварила профит од 43 милијарди долари.

Кампрад беше активен во работата на компанија до 2013 година, кога раководењето го презема еден од неговите четири синови, Матиас Кампрад.
 

Содржината е прочитана 326 пати.