Инфо

Град Скопје апелира итно да се плати данокот на имот за 2016 година

Надлежните ги потсетуваат граѓаните и правните лица да си ги проверат уплатите за 2016 за да избегнат присилна наплата преку извршител

вторник, 30 јануари 2018

Градот Скопје апелира до граѓаните и до правните лица кои се уште го немаат платено данокот на имот за 2016 година итно да го сторат тоа, бидејќи во спротивно ќе биде спроведена присилна наплата преку извршител.

„Законот за даноци ги обврзува единиците на локалната самоуправа, доколку во определен рок, поточно до крајот на календарската година за која е пристигната даночната обврска истата не е подмирена, да спроведат постапка за присилна наплата на данокот на имот, како за правните, така и за физичките лица. Постапката за присилна наплата за данокот на имот за 2016 година е во тек и за да се избегне непотребното блокирање на трансакциските и на жиро сметките, апелираме и ги потсетуваме обврзниците уште еднаш да си ги проверат уплатите за 2016 година и доколку не ја платиле обврската, веднаш да ја подмират“, соопшти Град Скопје.

 

Содржината е прочитана 419 пати.