Инфо

Индустриското производство лани со раст од 0,2 отсто

Најголем пораст од 1,8 отсто имало во секторот Рударство и вадење камен, додека најголем пад е забележан во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, дури 11,2 проценти

среда, 31 јануари 2018

Индустриското производство минатата година забележа раст од 0,2 отсто, но во декември лани паднало за 2,6 проценти во однос на истиот месец претходната година

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека најголем пораст во декември лани имало во секторот Рударство и вадење камен - 1,8 отсто, додека најголем пад е забележан во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, дури 11,2 проценти.

Намалениот раст од 1,5 отсто во секторот Преработувачка индустрија, според Статистика, се должи, пред сѐ, на намаленото производство на прехранбени производи, пијалаци, тутунски производи, облека и производство на други неметални минерални производи и производство на метали.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2017 во однос на декември 2016 година бележи пораст кај капиталните производи за 22,4 проценти и кај трајните производи за широка потрошувачка за 46,6 отсто, додека опаѓање има кај енергија за 10,1 отсто и кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 15,8 отсто.
 

Содржината е прочитана 256 пати.