Инфо

Водата во Скопје нема да поскапи

Градоначалникот Петре Шилегов ја повлече точката до седницата на Советот со образложение дека пресметките на Регулаторната комисија не биле засновани на реални основи, а одлуката за новата цена била била политичка

среда, 31 јануари 2018

Водата во Скопје нема да поскапи. Градоначалникот Петре Шилегов на денешната седница на градскиот Совет ја повлече точката за нова цена на водата за пиење која предвидуваше скопјани да плаќаат дополнителни 2,4 денари за кубик вода на име одржување пречистителни станици на Треска и Лепенец.

Објаснувањето на Шилегов е дека пресметките на Регулаторната комисија за енергетика не биле засновани на реални основи, а одлуката за новата цена била била политичка, па затоа скопјани нема да плаќаат повисоки сметки.

„Додека сум јас градоначалник, заради политичка одлука на партизирана институција од минатата власт нема да дозволам граѓаните да плаќаат поскапа вода. Направивме длабинска анализа на финансиското работење на ЈП ‘Водовод и канализација’ и со домаќинско работење во наредниот период ќе ги сервисираме потребите“, рече Шилегов.

Како што е познато, предлогот предвидуваше да се намали цената на кубик вода од 29,39 денари, колку што изнесува моментално, на 28,76 денари, но имаше и дополнителна давачка од 2,4 денари за кубен метар вода за новата обврска на јавното прептријатие кое ја презема грижата за одржување на пречистителните станици. Сега, останува старата цена на водата, а новата обврска, како што рече градоначалникот, ќе си ја покрива самото водоводно претпријатие.
 

Содржината е прочитана 282 пати.