Инфо

Државниот долг намален за 1 процентен поен, јавниот за 1,7

Според Министерството за финансии, ова е прво годишно намалување на државниот и на јавниот долг од 2009 година

четврток, 01 февруари 2018

Намалени се државниот и јавниот долг. Министерството за финансии информираше дека државниот долг на крајот на 2017 година е понизок за 1 процентен поен, а јавниот за 1,7 процентни поени споредено со крајот на 2016 година.

Според Министерството, ова е прво годишно намалување на државниот и на јавниот долг од 2009 година.
Податоците на Министерството а финансии покажуваат дкеа на крајот од 2017 година државниот долг изнесувал 38,7 отсто од БДП, додека јавниот долг бил 46,7 проценти од БДП.

„Во однос на третиот квартал на 2017 година, се забележува зголемување кај државниот долг за 0,8 процентни поени и кај јавниот долг за 0,9 процентни поени“, се наведува во соопштението на Министерството за финансии.
 

Содржината е прочитана 374 пати.