Инфо

Два послаби земјотреса во Македонија утрово

Првиот потрес е од охридското епицентрално подрачје со рихтерова магнитуда од 2,1 степен, а вториот е во Скопје и имал 2,4 степени според Рихтер

петок, 02 февруари 2018

Во Македонија утрово беа почувствувани два послаби земјотреса. Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопштуваат дека апаратите на телеметриската мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и во Пехчево денеска регистрирале еден земјотрес во охридското епицентрално подачје и еден во Скопје.

Земјотресот во Охрид со Рихтерова магнитуда од 2,1 степени е регистриран во 2,26 часот со епицентар на 10 километри источно од Охрид. Населението во Охрид и во непосредната околина го почувствувале потресот со интензитет од три степени според Еропската макросеизмичка скала (ЕМС).

Земјотресот во Скопје, пак, се случил во 8,03 часот. Бил со магнитуда од 2,4 степени според Рихтеровата скала и потекнува од скопското епицентрално подрачје, со епицентар на само неколку километри источно од централното градско подрачје. Граѓаните на Скопје го почувствувале со интензитет од три степени според ЕМС.
 

Содржината е прочитана 212 пати.