Инфо

Сугарески на средба со британскиот амбасадор Гарет

Министерот за транспорт и врски го запознал амбасадорот со капиталните проекти што се реализираат во делот на инфрастуктурата

петок, 02 февруари 2018

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески имал средба со амбасадорот на Велика Британија во Македонија, Чарлс Гарет на која го информирал за капиталените проекти што се реализираат во земјава во делот на инфраструктурата.

„Амбасадорот беше запознаен со проектите што ќе се реализираат во следниот период во делот на патната инфраструктура, изградба на железницата на Коридорот 8, како и за проектите што ги реализира Министерството за транспорт и врски во комуналната инфраструктура и гасификацијата“, се вели во соопштението од Министерството.

На средбата се разговарало и за актуелните состојби во соработката меѓу двете земји, при што акцентот бил ставен на зголемувањето на економската соработка меѓу Македонија и Велика Британија.

„Ова е прва наша средба и можам да ја оценам како исклучително добра, бидејќи го запознав амбасадорот со проектите што ќе се реализираат во Република Македонија. Исто така, разговаравме и за целокупните состојби во Македонија, како и за соработката меѓу двете земји“, рече Сугарески нагласувајќи ја потребата од интензивирање на соработката во понатамошниот период.
 

Содржината е прочитана 338 пати.