Инфо

Дизелот поевтинува за еден, бензинот поскапува за половина денар

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 68 денари за литар, а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 останува непроменета, односно 69,5 денари, додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 59,5 денари,

понеделник, 05 февруари 2018

 

Цените на дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар, а бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 поскапува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,59, односно за 1,21 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 68 денари за литар, а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 останува непроменета, односно 69,5 денари, додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 59,5 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 48 денари за литар. За 0,807 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 29,099 денари за килограм.

Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 0,7 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 1,28 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

 

Содржината е прочитана 372 пати.