Инфо

Аеродромот „Александар Велики“ ќе се вика Меѓународен аеродром „Скопје“

Владата на седница дала зелено светло за преименување на скопскиот аеродром и на автопатот кон Грција

среда, 07 февруари 2018

Аеродромот „Александар Велики“ во Скопје ќе се преименува во Меѓународен аеродром „Скопје“, објави вчера премиерот Зоран Заев.

Како што појасни, Владата на седница дала зелено светло за одлуките за новото име на аеродромот и на автопатот „Александар Македонски“ во „Пријателство“.

Одлуката за преименување ја поздрави грчкото Министерство за надворешни работи.

„Ја поздравуваме одлуката на Владата на Поранешната југословенска Република Македонија да го преименува аеродромот во Скопје во Меѓународен аеродром ‘Скопје’, како и автопатот што го поврзува Скопје со грчката граница во Автопат ‘Пријателство’. Денешната одлука е позитивен чекор за пресврт на она што беше направено во изминатата деценија и ги отежна односите меѓу двете земји. Тоа е важен развој во насока на справување со иредентизмот и се надеваме дека ќе значи отворање на ново поглавје во односите на двете земји и двата народи“, соопштуваат од грчкото МНР.

 

Содржината е прочитана 366 пати.