Инфо

Нема да има Шпански скали во Скопје, поништено е одобрението за градење

Општина Центар ја прогласи за ништавна издадената градежна дозвола поради тоа што инвеститорот не започнал со изградба во законскиот рок од две години

понеделник, 12 февруари 2018

Шпански скали и дефинитвно нема да се градат во Скопје. Општина Центар го поништи одобрението за изградба на објектот во централното градско подрачје.

Градоначалникот Саша Богдановиќ донесе решение со кое го прогласи за ништавно одобрението издадено на фирмата „Амадеус Девелопмент“ за изградба на објект за комерцијални и деловни намени на улицата „11 Октомври“. Причина за ваквата одлука е фактот дека инвеститорот не започнал со изградба во законски определениот рок од две години по правосилност на решението.

На плоштадот „Македонија“, пред објектот „Лумикс“ требаше да се гради деловен објект со шпански скали. Идејното решение што го обезбеди Министерството за транспорт и врски без да биде објавен авторот, предвидуваше на површина од 1.046 квадратни метри да се гради зграда во барокен стил со висина од 16 метри, на приземје и три ката, во чиј состав требаше да бидат и скалите. Земјиштето наменето за градба беше отуѓено во октомври 2013 година и за него беа платени над 1,5 милиони евра. Одлуката за градба ја донесе Советот на Град Скопје во 2015 година, бидејќи парцелата на плоштадот е во надлежност на Градот. Истовремено и го ослободи инвеститорот од плаќање комуналии. Потоа Општината Центар во 2015 година издаде одобрение за градење.
 

Содржината е прочитана 297 пати.