Инфо

ЕВН Македонија отвори прв Инфо центар во ГТЦ

Во Центарот физички лица лесно и едноставно ќе можат да вршат безготовински уплати на сите долгови во системот

четврток, 15 февруари 2018

ЕВН Македонија го отвори првиот Инфо центар. Лоциран е во Градскиот трговски центар во Скопје и во него граѓаните ќе можат да ги плаќаат своите сметки.

Преку современ терминал физички лица лесно и едноставно ќе можат да вршат безготовински уплати на сите долгови во системот за сопствениот број на корисник/матичен број. Уплатите ќе можат да се вршат како за фактури, така и за останати долгови поврзани со истите, на брз и сигурен начин со добивање на соодветна потврда за тоа. Исто така, преку овој терминал корисниците ќе можат да добијат и копија од својата сметка во хартиена форма преку внесување на сопствените податоци.

Инфо центарот на ЕВН, покрај тоа што е изложбен простор во кој корисниците ќе можат да се информираат за сите услуги на компанијата, ќе овозможува и презентација на мултимедијални содржини од особено значење за корисниците, како совети за рационално користење на електричната енергија.

„ЕВН веќе прави можност нашите корисници да ги имаат продуктите и услугите преку веб сервисот. Можете да ја добиете и да ја платите вашата сметка онлајн. Исто така заедно со Т–Мобиле развивме апликација преку која може да ги платите вашите сметки за електрична енергија, што значи дека направивме удобност за нашите корисници да можат да ги користат сите наши услуги и производи. Сепак, понекогаш сакате да имате контакт со личност и токму затоа го направивме овој инфо центар“, рече Штефан Петер, директор на ЕВН Македонија.
 

Содржината е прочитана 308 пати.