Инфо

Горивата поевтинуваат за 2,5 денари од литар

Од ноќеска на шолноќ цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 65,50 денари од литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 67,00 денари, а наЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 57,00 денари за литар

понеделник, 19 февруари 2018

Регулаторна комисија за енергетика донесе одлука за намалување на рафинериските и на малопродажните цени на горивата во просек за 6,19, односно, за 4,21 отсто. Со тоа од ноќеска на полноќ малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,50 денари од литар.

Според одлуката на РКЕ, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 65,50 денари од литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 67,00 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава по 57,00 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе чини 45,50 денари по литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,243 денари по килограм и ќе изнесува 27,856 денари за еден килограм.

Како причина за намалување на цената на нафтените деривати се наведува за 7,21 процент пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар и за 0,047 отсто повисокиот курс на доларот во одос на денарот.
 

Содржината е прочитана 292 пати.