Инфо

За 18,7 отсто повеќе патници биле регистрирани на двата аеродрома во јануари годинава

Во првиот месец од оваа година биле превезени вкупно 151.381 патник

среда, 21 февруари 2018

Бројот на превезени патници од двата аеродрома во Македонија продолжува да расте и оваа година. Според објавените податоци, во јануари годинава биле превезени вкупно 151.381 патник, што претставува зголемување од 18,7 отсто во споредба со јануари 2017 година.

Министерството за транспорт и врски соопштува дека на аеродромот во Скопје во јануари годинава биле регистрирани 145.592 патници, што е за 18,3 проценти повеќе отколку во јануари 2017 година, кога биле превезени 123.118 патници. На охридскиот аеродром, пак, во првиот месец годинава биле превезени дури 30,8 отсто повеќе патници отколку што ниле регистрирани во истиот период лани.

 

Содржината е прочитана 387 пати.