Инфо

Синдикалната кошничка во јануари „тежела“ 32.354 денари

На едно четиричлено семејство му биле потребни 13.354 денари за храна и пијалоци, а 10.487 денари за комуналии и за одржување на домот

среда, 21 февруари 2018

За да ги задоволи основните потреби, на едно четиричлено семејство во јануари му биле потребни 32.354 денари. Од нив најмногу пари, или 13.354 денари требале за храна и пијалоци.

Вакви се пресметките на Сојузот на синдикати, чија минимална кошничка за јануари е далеку „потешка“ од просечната исплатена нето плата во истиот месец, која изнесува 23.196 денари.

Според синдикалните пресметки, на едно четиричлено семјство во јануари му биле потребни 10.487 денари за комунални трошоци и за одржување на домот, за лична хигиена и за хигиената во домот 2.289 денари, а за превоз 2.349 денари. Останатите пари биле користени за обувки и облека, за здравствени услуги и за културни дејности.
 

Содржината е прочитана 376 пати.